СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сега ќе ги купува хеликоптерите „Леонардо“, а во минатото бараше набавката да биде поништена

„Нов ден, нов доказ дека ВМРО-ДПМНЕ се што критикуваше сега го прифаќа и промовира во јавноста. 

Додека беше во опозиција ВМРО-ДПМНЕ бараше да биде итно поништена набавката на хеликоптерите Леонардо кои ги склучи Владата на СДСМ и министерката Петровска“, велат од СДСМ и додаваат:  

„Жолчно се бореа и пишуваа соопштенија со денови за денес без коментар или измена да ја прифатат во целост. Има ли ден во кој ВМРО-ДПМНЕ нема да се погази себеси? 

Според сите нивни постапки очигледно тоа што СДСМ го правеше било добро за државата, но не било добро за ВМРО-ДПМНЕ како опозиција. 

Опструкциите и постојаните напади на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција не беа ништо друго освен потреба да опструира државата и напредокот за нивна политичка корист. 

Деструктивноста сега излегува на виделина за секој предмет и за секој случај“, велат од опозицијата.