Македонија

Ќе поскапи ли струјата? РКЕ до крајот на месецот со одлука

Ќе поскапи ли струјата? РКЕ до крајот на месецот со одлука

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) до крајот на месецов или на почетокот на декември ќе ги утврди цените за пренос и дистрибуција на електрична енергија.

Компаниите веќе ги доставиле своите барања.

„МЕПСО побара минимално зголемување од 0,67%, операторот на пазарот не побара промени, а Електродистрибуција ќе ја утврди својата позиција по тендерот за набавка на загуби на електрична енергија“, изјави претседателот Марко Бислимоски.

Тој додаде дека не се очекуваат значајни промени во цените што ги определува Регулаторната комисија, а по завршување на тендерот, универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ ќе ја соопшти новата цена за домаќинствата и малите потрошувачи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни