Македонија

Се бараат повеќе инвестиции, ски лифтовите на Попова Шапка повторно работат

По многуте реакции, ски лифот на Попова Шапка е поправен и пуштена во употреба, освен оној со две седишта кој поради силниот ветер е надвор од употреба. Ова за ТВ21 го потврди Хамди Сулјемани од движењето „Да ја спасиме Попова Шапка“. Од таму велат дека организираат средба со граѓаните, при што ќе се одлучи за мерките кои треба да се преземат.

„Денеска беше поправена и функционираше. Граѓаните се одлучни за да го изразат нивниот револт и ќе се сретнеме за да одлучиме кога ќе има протест за блокада на патот кон Попова Шапка и каде ќе се блокира, горе или долу, при што ќе се одлучи каде ќе се одржи протестот“, ни рече во телефонски разговор Хамди Сулејмани – „Да ја спасиме Попова Шапка“

Со барања излезе и Алијанса за Албанците. Тие бараат на претпријатието ЕЛЕМ да му се одземе правото на менаџирање со овој туристички центар.

  1. Владата да донесе одлука Компанијата ЕЛЕМ да нема право на сопствеништво и управување со Попова Шапка.
  2. Владата да формира управен одбор, кој ќе биде составен од 3 членови од Владата, тројца од општина Тетово и тројца експерти од областа на туризмот и управниот одбор да го избере директорот за менаџирање
  3. Владата да одвои буџет за функционирање на управниот одбор и вработени кои имаат решение за работа,
  4. Да се одземе правото за дејност на Попова Шапка и да им се даде предност на форми и инвеститори.

Туризмот е многу важен за економскиот развој на Тетово, напиша екс пратеникот Изет Зеќири на својот фејсбук профил.

„Владата ги игнорира инвестициите во туристичкиот центар Попова Шапка. Овој центар е целосно уништен и се обидуваат да создадат туристички центри кои воопшто не постојат. Како на пример  Ски центар Водно, изградбата на жичара од црквата Свети Јован до Средно Водно, развој на Ски Центарот – Копанки, Пелистер, изградба на ски – патеки на планинарските локации во Македонија ( Беровско езеро, Голак и Плачковица) во соработка со општините Берово, Делчево и Радовиш и подготовка на Студија на случај и мастер план за развој на ски центарот на Јабланица и мастер план за развој на ски центарот во Националниот парк Галичица“, вели Изет Зеќири – поранешен пратеник од Тетово.

На првиот ден од новата ски сезона, ски лифтовите на Попова Шапка не работеа. Голем број туристи, од земјава, но и од соседството разочарани го напуштија овој зимски рекреативен центар.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни