Македонија

СЕ ФОТОГРАФИРАЛА КАЈ ЗАЛИВОТ НА КОСКИТЕ, НО ПАДНАЛА: Тешко повредена скопјанка

СЕ ФОТОГРАФИРАЛА КАЈ ЗАЛИВОТ НА КОСКИТЕ, НО ПАДНАЛА: Тешко повредена скопјанка

Скопјанка се фотографирала но паднала и многу се повредила, во Охрид, кај Заливот на коските.

„На  06.07.2024 година во 21.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, Е.Р.(32) од Скопје, при фотографирање до металната ограда на паркингот кај туристичкиот комплекс „Залив на коски“ во близина на охридското село Пештани, паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Таа, со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде, е задржана на понатамошно лекување“, соопшти СВР Охрид.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни