Се надмина – Мадона на цела нација и го покажа задникот

Поп -пејачката Мадона синоќа гостуваше во ток -шоуто „The Tonight Show“, и повторно успеа да ги шокира сите, вклучително и водителот Џими Фалон.

Имено, 63-годишната пејачка, откако Фелон рече дека секогаш прави се првa и дека секогаш успева да ги изненади луѓето и да го „наруши мирот“, одлучи истото да го демонстрира уште еднаш на лице место.

Во оскудната облека во која пристигна на снимањето, таа легна на масата на Фелон и крена една нога. Сакајќи да спречи понатамошен скандал, Фелон го соблече палтото и се обиде да го скрие задникот на Мадона, но гледајќи ја неговата намера, пејачката одлучи да го направи токму спротивното – таа стана од масата, го сврте грбот кон камерата и го крена здолништето.

Од срам, Фелон го покри лицето со палтото, додека целата ситуација на Мадона и беше бескрајно смешна.

Се разбира, видеото веднаш стана тема број 1 на социјалните мрежи, а корисниците се согласуваат во една работа – Мадона веќе не знае како да привлече внимание кон себе, и дефинитивно не знае како да се однесува во согласност со нејзината возраст.