Со почетна локација пред Универзална сала, каде што беше прегазена младата Фросина, повторно се одржа протестен марш!
„Потребни сме му на нашиот град и на нашето општество заедно, како колектив што бара одговорност, неселективна правда и безбедност за секој граѓанин!велат од движењето. Бидејќи според нив системот што треба да нè заштити потфрла, затајува и секојдневно ни ја докажува својата нефункционалност – онаа што ни ги крати животите. Премногу долго чекавме некој друг да ги подобри работите, да направи вистински промени, да ни обезбеди квалитет на живот каков што заслужуваме. Време е сами да ги побараме! Време е да ги потсетиме надлежните кому служат и зошто се на своите функции! Овој протест е политички чин, но не смее да биде партиска алатка. Токму тоа е она против што се бориме!“, стои во соопштението на „Кој е следен“.
Маршрутата на протестот се движеше од Универзална сала, по Партизанска, кон Владата на Илинденска и Судскиот комплекс.