Партијата Десна денеска преку својот Фејсбук профил упати јавен апел до сите адвокати, до органите на прогонот и правосудните органи, да обезбедат фер услови за правично и јавно судење на „осомничениот Љупчо Палевски-Палчо“.
Од таму велат дека повод за објавата се вчерашните случувања, поврзани со барањето на Палевски Љупчо, од истражниот затвор во Шутка-Скопје, на адреса на Кривичниот суд во Скопје каде истиот побара законски застапник-адвокати со име и презиме на истите.
„Барањето, пред да стаса, до Кривичниот суд, беше компромитирано, од разни “новинари и медиуми” во Македонија. Истите, веднаш тргнаа во напад и линч врз посочените адвокати, никој да не го брани “монструмот Палчо”. За Ваша информација, сите адвокати во Македонија, имаат лиценца за работа и имаат положено заклетва во Адвокатската комора на Македонија , исто како што и секој лекар со својата Хипократова заклетва треба да ги лекува сите пациенти, без при тоа да врши дискриминација по било која основа“, додаваат тие.