Свет

Се огласи ИДФ: Граѓаните да бидат внимателни!

Се огласи ИДФ: Граѓаните да бидат внимателни!

Израелската војска соопшти дека високи команданти, вклучително и началникот на Генералштабот, генерал Херц Халеви, ја процениле ситуацијата „фокусирајќи се на подготвеноста и за напад и за одбрана на сите арени“, без да даде детали.

ИДФ посочува дека нема промени во упатствата за цивилите, но бара од јавноста да остане будна и внимателна.

„Секоја промена во политиката веднаш ќе биде ажурирана“, се вели во соопштението на армијата.

Да потсетиме, ова соопштение доаѓа по масовната експлозија на илјадници пејџери што се случи попладнево во Либан, во која загинаа најмалку осум лица, а дури 2.750 беа повредени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни