Трет ден помина од исчезнувањето на 42-годишната Лидија од скопското село Јурумлери, а нема ниту трага ниту информации за неа. Семејството на Лидија, кој поминува со страв и неизвесност, сè уште се надева дека ќе ја најдат жива и здрава.
Ќерката на Лидија, Мартина Трајковска, синоќа на социјалните мрежи објави емотивна порака посветена на нејзината мајка.

“Душата моја, мајче моја, очите мои,” напиша таа.
Лидија исчезна во петокот рано наутро, околу 5:10 часот, носејќи зелен дуксер со црни шари, црни хеланки и црни патики. Последен пат е видена на автобуската станица во Јурумлери, според снимките од безбедносните камери на блиската бензинска пумпа. Полицијата и семејството ја бараат насекаде, но досега без успех.