Македонија

Се огласи Стефан Лазаров: Се откажуваат сите настани од Giveaway-от

Се огласи Стефан Лазаров: Се откажуваат сите настани од Giveaway-от

По Боки 13, попладнево се огласи и Стефан Лазаров кој најави дека се откажуваат сите настани од најавениот најголем Giveaway на Балканот.

„Знаете кој сум и што правам сиве овие години. Сум поминал и потешки моменти и поголеми притисоци. Јас само знам дека сум чист пред себе и Бог и дека не правам лошо дело, напротив ширам позитивна енергија и се борам да успеам самостојно.
Проектот ќе продолжи поради вас, ќе продолжи затоа што знам дека не правам ништо погрешно. Ќе продолжи во друга форма и сите подароци ќе се онлајн. Ќе бидете известени за сите промени. Уште нешто, не верувајте на се што ќе прочитате. Ве сака Лазаров“, напиша Лазаров.

Рано утрово Боки 13 соопшти дека и тој се повлекува поради влошена здравствена состојба.

„Поради нанесениот и преживеан стрес, а во насока на мојата влошена здравствена состојба, ви соопштувам дека во овој момент се повлекувам од моето јавно појавување како гостин и промотивно лице на забавниот инстаграм формат GIVEAWAY кој е во организација на мојот најдраг пријател Stefan Lazarov. Му давам максимална морална и пријателска поддршка на Стефан за успешно завршување на проектот. За сите останити прашања, коментари и ставови одговорите ќе ги дадам при моето гостување во @lazarovpodcast во вторник на 17.12.2024 во 21ч. Ви благодарам од срце на сите за вашата најискрена поддршка која ми ја дадовте во огромен број во овој период. Со почит, Бојан Јовановски – Боки13, П.с бедна е среќата која се темели на нечија болка и солзи…“, изјави Бојан Јовановски.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни