Македонија

Се огласи Тошковски за бегството на Груби: СДСМ да се оправат, МВР има снимки!

Се огласи Тошковски за бегството на Груби: СДСМ да се оправат, МВР има снимки!
Screenshot

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку видео порака се обрати на СДСМ по повод бегството на Артан Груби. Тој изјави дека МВР располага со видео материјал кој јасно покажува прекршување на закон и процедури од страна на полициски службеник во моментот кога Груби избегал.

Според Тошковски, МВР ги обезбедило сите докази и доставило известување до Обвинителството, а кривична пријава ќе биде поднесена по консултација со обвинителот.

„Сите докази кои што се во насока на расветлување на случајот со излезот на лицето кое е недостапно за органите на прогон и треба да се искористат се обезбедени од МВР. МВР поседува видео запис на кој јасно се гледа повреда на закон и повреда на процедури од страна на полициски службеник кој бил во тој момент како граничен полицаец. Врз основа на постапките, доставено е известување до Обвинителството. По консултација со обвинителот, ќе има кривична пријава, која утре ќе се поднесе. Од страна на МВР е изречена супспензија за предметното лице. Не го познавам лично предметното лице, ниту нешто сум издал за негово назначување да работи во рамки на граничка полиција во Македонија“, додаде Тошковски.

Тошковски го обвини СДСМ дека го брани ДУИ и ги штити своите интереси.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни