Македонија

Се огласија од Детска клиника: Сестрата нестручно се однесувала кон бебето, случајот ќе го разгледува комисија

Се огласија од Детска клиника: Сестрата нестручно се однесувала кон бебето, случајот ќе го разгледува комисија

Од Детската клиника се јавија со соопштение откако во јавноста излегоа фотографии од претепано три месечно бебе.

Според семејството, насилството кон бебето било само затоа што неговата мајка не знаела македонски јазик.

Од клиниката велат дека се преземени сите соодветни мерки, согласно законските норми, во врска со тврдењата на родителите на 4 месечното доенче за искажување навреди кон нив и нанесување телесна повреда на доенчето од страна на една медицинска сестра во нашата Клиника.

Mинистерот за здравство Д-р Арбен Таравари заедно со директорот на Клиниката за детски болести Д-р Реџеп Мемеди синоќа беа во посета во домот на пациентот, каде од блиску видоа и се запознаа со случајот. Родителите, и покрај тоа што се многу задоволни од стручниот третман и грижа на бебето од страна на здравствениот персонал на одделот каде престојувало доенчето- после што бебето има видно подобрена здравстврна состојба, сепак тврдат дека сенка фрлило нестручното однесување на една медицинска сестра.

Веднаш е започната процедура за формирање комисија која ќе биде задолжена да го разгледа случајот до крај и да донесе заклучоци согласно законските прописи и етичките норми.

Универзитетската клиника за детски болести, преку обезбедување соодветна професионална медицинска нега, останува посветена да се грижи за здравјето на сите деца- нашите најмили и нема да дозволи да, било чие индивидуално непрофесинално и неетичко однесување кон пациентите, фрли сенка врз угледот на нашата институција“, велат од таму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни