Македонија

Се огласија од ДКСК: Продолжувале да функционираат во согласност со Законот

Се огласија од ДКСК: Продолжувале да функционираат во согласност со Законот

По апсењето и определувањето на мерки за претпазливост на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, сега се огласија од Државната комисија за спречување на корупција.

Од таму велат дека продолжуваат да функционираат редовно во согласност со законот.

„Во врска со актуелните случувања, Ве информираме дека Државната комисија за спречување на корупцијата во рамки на своите надлежности, продолжува да функционира редовно во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Како институција остануваме транспаренти и отворени за јавноста и за соработка со надлежните органи“, велат од ДКСК.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни