Македонија

Се огласија од СДСМ за „Адитив“: Велат го поддржуваат секој чекор насочен кон расчистување на евентуални злоупотреби

Се огласија од СДСМ за „Адитив“: Велат го поддржуваат секој чекор насочен кон расчистување на евентуални злоупотреби

СДСМ го поддржува секој чекор насочен кон расчистување на евентуални злоупотреби на јавните ресурси и потенцијалната корупција.

„Одговорноста и транспарентноста се темелите врз кои ја градиме довербата на граѓаните во институциите. Никој не смее да биде над законот.

Бараме од институциите брза, транспарентна и темелна истрага која ќе ја утврди вистината.

Доколку постои вина, истата треба да се санкционира во согласност со законите.

Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи, Обвинителството и сите релевантни институции да постапуваат професионално и без селективност.

СДСМ останува доследен на принципите на транспарентно и одговорно владеење, поттикнување на борбата против корупцијата и градење институции кои работат во интерес на граѓаните“, велат од СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни