Железната ограда околу владината зграда се отстранува на големо. За нејзиното отстранување нема да има трошоци, велат од Владата. Одлуката за отстранувањето на оградата, која беше поставена за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, е донесена со цел просторот да биде достапен за користење од страна на граѓаните
Но, од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека во недостиг на капиталните инвестиции и економски раст, отстранувањето на оградата, актуелната власт ќе го претстави како економски бум.
Бошњаковски истакна дека бетонот во моментот ќе остане како што е, додека железото ќе биде пренесено во депо, а потоа ќе се одлучи за која намена ќе се искористи. Оградата околу владината зграда беше подигната во септември 2015 година и за нејзината изградба беа потрошени 700 илјади евра.
РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ