Во тек се подготовки за испраќање на телото на поранешниот шкотски премиер Алекс Салмонд во Абердин.
Ковчегот со неговото тело со чартер-лет од аеродромот во Охрид ќе замине во Шкотска. Ќе биде префрлено со приватен авион, сопственост на бизнисменот Сер Том Хантер. Авионот треба да полета во 10 часот по британско време, и во Шкотска да биде околу 14 часот.
Поранешниот прв министер на Шкотска почина за време на конференцијата на Академија за културна дипломатија во Охрид. После ручекот имал срцев удар.
Биле повикани и болничари кои се обиделе да го реанимираат, но залудно. Имаше 69 години.
Датумот на погребот не е познат, но нема да биде со највисоки почести. По барање на семејството ќе присиствуваат само неговите најблиски членови.