Се појавил чад во автобус на компанијата Ројал травел, кој се враќал од Грција.
Настанот се случил во Велес, а несреќните патници ги скршиле прозорците за да излезат.
Како што дознава ТВ21, персоналот на автобусот повикал тие да излезат од автобусот, но во тој момент вратите не биле отворени, па патниците ги скршиле стаклата за да избегаат.