Се преправал како женско, а потоа се заканувал дека ќе објави експлицитни фотографии – уапсен малолетник од Битола!

Денеска (15.05.2025) полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во координација со Основното јавно обвинителство- Битола лишија од слобода  16-годишник од с.Бистрица, битолско, кој во повеќе наврати уценувал 34-годишен маж од Битола, заканувајќи му се дека доколку не му даде пари ќе објави експлицитни фотографии што ги добил од оштетениот откако во комуникацијата преку социјална мрежа се претставувал со лажен женски идентитет.

Малолетникот е приведен во полициска станица Битола, а парите се пронајдени кај него. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното