Македонија

Се продаваат станови на Мијалков во Охрид, плац на Кожуф и земјиште кај Морани

Се продаваат станови на Мијалков во Охрид, плац на Кожуф и земјиште кај Морани

По продажбата на запленетите акции на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, Агенцијата за управување со одземен имот, објави оглас и за продажба на дел од неговиот недвижен имот, запленет за случајот „Империја“.

Се продаваат два стана во Охрид, едниот од 46 (+19 помошни простории) метри квадратни со проценета вредност од Бирото за судски вештачења на 5.775.234,38 милиони денари, а другиот од 58 (+ 56 ПП) метри квадратни во истата зграда, проценет на 9.032.505 денари.

Се продава и земјиште од 56.818,07 метри квадратни кај Морани во Општина Студеничани крај Скопје со почетна вредност од 17.045.421 денари.

Се продава и плац кај местото Џибарица на Кожуф од 321,81 метри квадратни, проценет на 29.686, 97 денари.

Јавното електронско наддавање е закажано за 25 август.

Најповолниот понудувач треба да ја уплати целосната сума до 15 дена од заклучувањето на лицитацијата.

Сите детали за огласот ОВДЕ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни