Македонија

Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 јули

Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 јули

Поради  прекин на електрично напојување во зградата каде е сместена Генералната Дирекција на Управата за јавни приходи,  отежнато функционираат системите на Управата за јавни приходи.

Согласно Законот за даночна постапка,  а со цел одбегнување на отежнатото поднесување на даночните пријави преку системот е-Даноци  заради настанатите технички проблеми, Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите за 1 (еден) работен ден.

Како краен рок за поднесување на даночните пријави ДДВ-04 за даночните периоди 01-04.2023 – 30.06.2023 и за 01.06.2023 – 30.06.2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25.07.2023 година ќе се смета 26.07.2023 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни