Македонија

Се редат успеси: Македонските таеквондисти со медали се вратија од Атина

Се редат успеси: Македонските таеквондисти со медали се вратија од Атина

Младите македонски таеквондисти продолжуваат да редат успеси на меѓународната сцена. На Европското пионерско првенство што се одржа во Атина, нашите претставници освоија две бронзени медали.

Давид Петковски се закити со бронза во категоријата машки пионери до 36 килограми. Тој редеше победи против Толис Константинос од Грција (2:1), Лимаренко Богдан од Полска (2:0), Флоудас Димитиос од Грција во осминафиналето (2:0) и Роидис Ѓоргиос од Грција во четвртфиналето (2:0). Во полуфиналето беше совладан од Шабазов Умуд од Азербејџан со 2:0.

Бојана Велковска, пак, освои бронзен медал во апсолутна категорија. Во полуфиналниот меч беше поразена со 2:1 од натпреварувачката која подоцна стана европска првенка. Велковска ја доби првата рунда убедливо, но следните две ги загуби за нијанса.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни