Македонија

Се рушат дивоградби во Центар

Се рушат дивоградби во Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски информира дека општината ја урнала нелегалната доградба која подолго време го блокираше тротоарот и дел од коловозот во Дебар Маало.

„По повеќе опомени и непостапување, инспекциските служби и механизацијата излегоа на терен и ја отстранија бесправно поставената конструкција што го попречуваше нормалното движење на пешаците и сообраќајот.

Жителите на Дебар Маало ја поздравија акцијата, а општината продолжува со засилени контроли и активности за расчистување на нелегално поставени објекти со цел воспоставување ред и заштита на јавниот интерес“, вели тој.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни