Македонија

Се санираат последиците од невремето во Трстеник и Дебреште

Се санираат последиците од невремето во Трстеник и Дебреште

Регионалниот ЦУК Велес, известува согласно информациите добиени од Раководителот на Општинскиот кризен штаб на Росоман од вчерашното невреме што зафатен и дел од Општина Росоман, поточно с. Трстеник, дека од поројните дождови имаше поплавено неколку подрумски простории што ги санираа индивидуално и самостојно граѓаните.

Исто така, во во тој реон беше зафатено од поројни дождови и с. Дебриште.

Ова село се наоѓа во ридско планинскиот предел. И во овој реон пороите имаат зафатено, односно поплавено неколку подрумски простории.

Како последица на невремето делумно е оштетен патот кој се наоѓа на крајот од селото. На лице место биле екипи од ЕЛС Росоман што извршиле увид на настанатите штети и го известиле ЦУК дека тие штети ќе бидат санирани со сили и средства од Општина Росоман.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни