Македонија

Се шири пожарот меѓу кавадаречките села Бегниште и Кошани

Се шири пожарот меѓу кавадаречките села Бегниште и Кошани

Се шири пожарот меѓу кавадаречките села Бегниште и Кошани, вечерва потврдија за МИА, од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

– За жал, ветерот е наш противник во овој случај и упорно го разгорува и проширува пожарот. На терен имаме седум пожарникари со три возила на кои им помагаат и жители од село Бегниште, дополнително е повикан и приправниот тим на ТППЕ и побарана е интервенција од Ј.П ,,Македонски шуми”. Ги замолуваме граѓаните на внимателност, рекоа од Противпожарната единица.

Оттаму потсетија дека денеска ТППЕ Кавадарци, имаше интервенција на три локации на отворено – ваташки гробишта, под каналот кај село Манастирец и на релација село Бегниште – Кошани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни