Кујна Магазин

Сè што ви треба е еден зачин за убава интензивна жолта боја на јајце

Сè што ви треба е еден зачин за убава интензивна жолта боја на јајце

Жолтата боја од јајцата можете да ја добиете многу лесно, што е најдобро и сосема природно.

Се ближи Велигден, а домаќинките веќе размислуваат за украсување и бојадисување јајца, а годинава наместо да купуваат фабрички бои, се насочуваат кон природните варијанти. Освен зеленчук, можете да користите и зачини за бојадисување јајца. Дали знаевте дека со помош на куркума можете да добиете убава жолта нијанса? Еве како:

Состојки:

2 лажици куркума

750 мл вода

1 лажица оцет

малку сол

Подготовка:

Во зовриената вода додадете куркума, оцет и сол, сè убаво измешајте, па спуштете ги претходно сварените јајца. Оставете ги неколку часа убаво да ја впијат бојата, а колку подолго стојат бојата ќе биде поинтензивна. После тоа, извадете ги јајцата, тапкајте ги малку со марамче и оставете ги да се исушат. После тоа можете да ги премачкате со масло за подобар сјај.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни