На 27.12.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош, М.Д.(66) од Кратово пријавил дека од домот во кој престојува во Скопје се оддалечила неговата ќерка Б.Д.(30).
Како што објаснил, исчезнувањето е по претходна расправија со С.Н. – државјанин на Швајцарија, со кого била во љубовна врска.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.