Се топат во устата од сладост: Полнети лепчиња го зафати светот, многу подобро од обичниот

Сигурно досега многу пати сте јаделе пржени лепчиња, но дали сте ги пробале полнети? Направете ги за појадок и ќе бидете воодушевени!

Ви треба:

12 парчиња бајат леб

6 листови сирење

6 листови шунка

3 црвени пиперки или домати

4 јајца

50 мл млеко

половина лажичка сол

Подготовка

Лебот исечкајте го на тенки парчиња. Одделете две кришки леб, помеѓу нив ставете лист шунка и сирење. За вкус, можете да додадете сецкан печен или свеж црвен пипер или домат.

Јајцата се матат и се додава млекото.

Помеѓу две кришки леб ставете лист шунка и сирење.

Јајцата се матат со сол, па се додава млекото и се соединува. Загрејте го маслото додека да пркне.

Во подготвената смеса потопете ја прво едната, па другата страна од лебот и спуштете ја во врелото масло.

Печете од едната страна додека не порумени, па кога ќе завртите притиснете со вилушка за да се залепат кришките добро.

Готовиот пржење извадете го на салфетка за да го впие вишокот маснотии, а потоа послужете ги топли.