Македонија

Се трага по напаѓачот на градоначалникот на Арачиново

Се трага по напаѓачот на градоначалникот на Арачиново

Министерството за внатрешни работи трага по лицето кое што вчера пукаше со автоматска пушка кон градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими.

При пукањето Ибрахими вршел надзор на работите на тротоар на главниот пат, а со него биле и неговото обезбедување и возачот, кои се повредени.

Мотивите за нападот засега не се познати, но се шпекулира дека станува збор за стари имотни проблеми.

Поради овој инцидент, вчера речиси цело Арачиново беше блокирано од полицијата, а напаѓачите беа барани и со хеликоптер.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни