На социјалните мрежи се шири апел за пронаоѓање на исчезната Олгица Димитровска во селото Јелошник.
Според информациите, таа исчезнала околу 7-8 часот утрово, има 80 години и има деменција.
„Во селото засега ја нема, можно е да се тргнала надолу кон Теарце и да бара превоз за Скопје бидејќи таму живее. Има ниска градба, слаба, сиво бела коса и носи наочари. Доколку ја видите ве молам запрете ја и јавете се, повеќе луѓе се таму и ја бараат, ќе ја земеме во најбрзо време. Телефон за контакт: 076/ 466 689“, пишува во апелот.