Свет

Се урна дел од зграда при експлозија во Хаг

Дел од една станбена зграда се урна попладнево во холандскиот град Хаг, при експлозија предизвикана од истекување на гас, соопшти локалната полиција.

Спасувачките екипи од под урнатините на трикатната зграда извлекле две повредени лица.

На местото на настанот пристигнале припадници на полицијата и противпожарната служба, како и амбулантни возила.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни