Македонија

Сè уште се трага по убијците од Батници

Сè уште се трага по убијците од Батници

Полициските сили продолжуваат да ги бараат напаѓачите вклучени во нападот во село Батинци, каде беа пукани двајца браќа, од кои едниот загина.

Напаѓачите за кои веќе објавивме дека биле маскирани, извршиле нападот од автомобил „мерцедес“ со германски регистрациски таблички. Возилото во кое биле браќата имало италијански ознаки.

Сопатникот кој беше во возилото беше ранет во рамото и префрлен во болница за потребна медицинска помош.

После нападот, како што објави ТВ21 повикувајќи се на полициски извори напаѓачите се упатиле кон село Драчевица, а областа беше пребарувана со полициски хеликоптер.

За мотивите на нападот сè уште нема точни информации, но се претпоставува дека може да биде поврзано со крвна освета за инцидент што се случил пред околу 15 години, кога било убиено дете, што принудило браќата да се скријат во Италија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни