Повеќе од два часа, се уште во тек е лидерската средба на претседателите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со претседателот на државата Стево Пендаровски.
Ова е прва средба во ваков формат за изборите кај шефот на државата, откако на претходните две лидерски средби не беше постигнат договор.
Претходно, претседателот Стево Пендaровски денеска во обраќање до јавноста ги повика лидерите да најдат решение кога да се одржат предвремените парламентарни избори.
Пендаровски во обраќање до јавноста истакна дека избори треба да има, но оти тие треба да бидат во договор и со учество на сите политички субјекти.
.