Македонија

Се зголемува бројот на затруени од штипската сендвичара, кај дел изолирана салмонела!

Се зголемува бројот на затруени од штипската сендвичара, кај дел изолирана салмонела!

Бројот на ученици и вработени од штипско средно училиште со симптоми на труење се искачи на 17, по консумирање сендвичи од локална сендвичарница.

Кај дел од нив е изолирана бактеријата Salmonella enteritidis.

Земени се 35 примероци од храна, работни површини и вработени, кои се анализираат во Институтот за јавно здравје во Скопје.

Сендвичарницата е затворена, а вработените поминале и санитарен преглед. Резултатите од тестирањето се уште се очекуваат.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни