Македонија

Седница на Стручниот колегиум на јавните обвинители, ќе се расправа за иднината на предметите на СЈО

За денеска свикана е седница на Стручниот колегиум на јавните обвинители од страна на Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на која ќе се расправа околу истрагите на СЈО.

На седницата ќе се разгледува барањето мислење од колегиумот на судии при Основниот суд Скопје 1, за начелното правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија од 30 јануари годинава.

Седницата, како што соопшти ЈОРМ, е свикана во проширен состав, односно покрај Јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија ќе присуствуваат и вишите јавни обвинители на Вишите јавни обвинителства и јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни