Седумдесет години од пренесувањето на останките на Никола Карев во Крушево

„Со бавен и одмерен чекор, под ехото на тажните одѕвонувања на камбаните од крушевските цркви, меѓу долгиот и густ шпалир од повеќеилјаден народ, малиот саркофаг од големиот човек, на своите раце, наизменично го пренесувале, старите прекалени негови илинденски борци: Тоду Борјар, Крсте Гермов-Шакир, Петруш Карев… “

Таква била атмосферата во Крушево точно напладне на 1 август 1953 година кога се пренесувале посмртните останки на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев.

На свечен и достоинствен начин биле пречекани во илинденско Крушево. Соборците на Карев го поставиле саркофагот на постамент во долното училиште (денес основното училиште во Крушево) каде времено и импровизиран се основал Историскиот музеј на Крушево. Посмртните останки стигнале ден пред прославата на 50-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република.

Денес, при секоја посета на споменичниот комплекс Илинден на Гумење, посебно при секој влез во Македониумот, првиот поглед е на гробот на претседателот на Републиката.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното