Македонија

Седуммина Македонци се во Израел – од МНР апелираат да ги почитуваат упатствата на властите

Седуммина Македонци се во Израел – од МНР апелираат да ги почитуваат упатствата на властите

Според информациите, Македонците во моментов се наоѓаат во Витлеем, кој не е погоден од нападите.

Од МНР објавија и СОС телефон за сите наши граѓани на кој им требаат информации за нивни блиски или помош.

075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Израел +972-54-926-7378.

Во официјалниот допис од МНР се вели:

Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел. Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница:

https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx

Инаку според информациите на нашата амбасада во Тел Авив, Израел, седум државјани на Република Северна Македонија се наоѓаат во градот Виетлем, на Западниот Брег кој што не е погоден од актуелните случувања.

За повеќе информации, на располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Израел +972-54-926-7378

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни