Села ја поздрави одлуката на САД: „Борбата против корупцијата означува важен чекор во градењето на владеењето на правото и нашата иднина“

Алијансата за Албанците во континуитет е еден од политичките актери кои ги осудуваа и јавно ги пријавила врските на судството со политиката и олигархијата, затоа и денеска ја поздравуваме последната одлука на САД, најважниот стратешки партнер на РСМ и албанскиот народ, вели во соопштение до јавноста Зиадин Села од Алијанса за Албанците.

„Борбата против корупцијата означува важен чекор во градењето на владеењето на правото и нашата иднина. Ги повикуваме апострофираните, да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот, да се соочат со обвиненијата како слободни граѓани.

Индивидуалната одговорност е камен-темелник на една модерна, непристрасна и демократска држава.

Алијансата за Албанците и јас, како нејзин претседател, остануваме доверлив и лојален партнер на САД, споделувајќи ги заедничките вредности на демократијата, слободата и градење на правната држава“, вели Села.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното