Македонија

Села со обвинувања кон ДУИ: Заробувачите на судството имаат име и презиме!

Села со обвинувања кон ДУИ: Заробувачите на судството имаат име и презиме!
Првиот човек на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на денешната прес-конференција ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека го контролира судството. Села вели дека ДУИ сместила неколку блиски лица во повеќе судски институции во земјава. „Овој систем е целосно преземен од извршната власт, особено од ДУИ. Поделбата на власта не важи како уставно начело кај нас“, рече Села. Тој обвини неколку функционери и поранешни функционери на ДУИ за „запленување на правосудниот систем“. „Заробувачите на судството имаат име и презиме, а тоа се Блерим Беџети, Аднан Јашари, Валдет Џафери, Билент Салихи и Агим Нухиу, сите министри на Али Ахмети“, рече Села.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни