Македонија

Семејно насилство во Штип прераснало во убиство: Со тврд предмет ја удирал во главата, кршејќи и го черепот – делови од телото пресекол со нож и ги сокрил на непознато место

Семејно насилство во Штип прераснало во убиство: Со тврд предмет ја удирал во главата, кршејќи и го черепот – делови од телото пресекол со нож и ги сокрил на непознато место

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Осомничениот 74-годишник, при вршење семејно насилство, лишил од живот жена со која биле во блиски лични односи, така што со тврд предмет и задал повеќе удари во главата, кршејќи и го черепот.

Потоа, со остар предмет пресекол делови од телото и ги сокрил на непознато место, а трупот го закопал во дворот од куќата.

Јавниот обвинител процени дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, но и можност осомничениот да ги сокрие трагите од кривичното дело, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни