Министерот за образование, Јетон Шаќири изјави дека за прво одделение веќе се доставени учебниците за сите предмети освен за предметот Општество.
Исто така, и за второ одделение се распределени наставните материјали освен за Математика и Општество, вели министерот.
Шаќири уверува дека на 1 септември ќе бидат готови сите учебници.
„За прво одделение… сите ученици ги добија подготвените материјали од 1 септември. По завршувањето на подготвените материјали кои беа за полугодие, сите институции имаа комуникација со основните училишта, но и со Бирото за образование, бидејќи дел од книгите не стигнаа навреме“, вели Јетон Шаќири.