ШАРЕНИ БОЖИЌНИ КОЛАЧИ: Меки, неодоливи, спремни за кратко време! (РЕЦЕПТ)

Состојки:

2 јајца, 100 гр шеќер, 100 мл масло, екстракт од ванила, прстофат сол, 100 гр меко пченично брашно, 8 гр прашок за пециво, 180 гр кокосово брашно, бои за колачи по желба, шеќер во прав за виткање.

Подготовка:

Јајцата, шеќерот, маслото, ванилата и солта се матат со жица. Додадете брашно и прашок за пециво, па убаво соединете. Додадете кокос, па со рака замесете тесто. Поделете го тестото на толку топчиња колку што имате различни бои. Можете исто така да оставите еден безбоен.

Додадете ја саканата боја на секое топче и месете така што бојата се распореди насекаде. Секое топче откинете го и направете топчиња, а потоа превртете го во шеќер во прав.

Се редат во плех обложен со хартија за печење и се пече во рерна на 170 степени околу 15-20 минути.