Без разлика дали организирате друштвени игри, гледате божиќни филмови или подготвувате свечена вечера, не можете да погрешите со овој детаљ. Тие се убави, елегантни и примамливи и несомнено ќе го импресионираат секој гостин.
Покрај вкусните закуски за гладните и љубопитните, овој венец сам по себе прави креативна декорација за секоја празнична трпеза.
Овие чинии, популарни во светот како „Божиќен венец“ се многу лесни за правење. Можете да направите облик на венец од гранчиња рузмарин и потоа да ставите што сакате на него; сирење, шунка, салама, маслинки, крекери, јаткасти плодови, сосови и овошје, а во слатки варијанти можете да си играте со божиќни колачиња, чоколади и мали колачи. Атмосферата можете дополнително да ја подигнете со малку повеќе зеленило, гранче од бор или ловор, жалфија или босилек.
Ако ви снема инспирација, можете да креирате дел од многуте божиќни плати од фотографиите, а можеби ќе ви падне на ум нешто сосема ново и различно. Какви и да направите венци, гарантираме дека за нив ќе се зборува цела вечер!
