Македонија

Шест месеци од големата трагедија во Кочани: „Колку животи треба да згаснат за вие да се разбудите?!“

Шест месеци од големата трагедија во Кочани: „Колку животи треба да згаснат за вие да се разбудите?!“

Шест месеци по трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени, граѓани на Кочани и околните места денеска излегоа на мирен марш.

Со болни пораки на транспарентите, родители, роднини и пријатели на жртвите јасно побараа правда и одговорност од државните институции.

Протестната поворка се движеше низ централните улици на градот, носејќи транспаренти со слики од сите жртви. Најсилната порака беше испишана на голем транспарент кој го носеа неколку семејства: „Нашите деца не умреа, беа убиени од системот кој не штити, туку убива“.

Оваа реченица ја сумираше фрустрацијата и гневот на собраните граѓани. Тие не ја прифаќаат трагедијата како несреќен случај, туку како директен резултат на негрижата, корупцијата и нефункционирањето на државниот апарат. На други транспаренти можеше да се прочитаат слични пораки, како: „Ние родителите скапо го плативме данокот на корупцијата“ и „Колку детски животи треба да згаснат за вие да се разбудите?!“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни