Македонија

Шести протест во Кочани: „Системот убива, институциите молчат!“

Шести протест во Кочани: „Системот убива, институциите молчат!“

Попладнево во Кочани се одржува нов шести по ред протест во знак на поддршка за семејствата на загинатите и повредените во трагичниот пожар што однесе 62 животи. Присутните граѓани бараат неселективна правда и транспарентна истрага за причините и одговорностите за трагедијата.

Меѓу насобраните се издигнуваа транспаренти, а еден од нив моќно ја пренесе пораката на револтот: „Системот убива, институциите молчат!“

Се засилуваат и барањата за поголема институционална поддршка за Кочани.

Протестот го поддржаа и од движењето „Кој е следен“, кои побараа системски промени и одговорност за сите институции вклучени во надзорот и безбедноста на јавните објекти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни