Македонија

Шилегов бара Арсовска да поднесе оставка: „Во мај да има избори и за Скопје“

Шилегов бара Арсовска да поднесе оставка: „Во мај да има избори и за Скопје“

Поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов смета дека Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација и побара градоначалничката Данела Арсовска да поднесе оставка.

„На ФБ обично сум саркастичен (со сериозни пораки, кој разбира), но сега нешто сериозно: Нашето Скопје сериозно се наоѓа во процес на целосна девастација. Почитувана Арсовска, заминете си !!! Поднесете оставка !!! Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно, Градот, Ви се случи. Непланирано. (Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа). Во мај секако имаме избори во Македонија. Нека се избори и во Скопје. Заради малку достоинство што секој од нас треба да го има. И заради Градот (не толку убав во задње време) во кој што сите живееме.
За душегрижниците: немам намера (ниту жал, носталгија за функција. Адвокат сум 😎😉), но живеам во Скопје и го сакам овој град. И како граѓанин мислам дека овде ништо не е е во ред !!! За надворешните (а богами и внатрешните) душмани: функцијата не го прави човекот. Напротив !!! Човекот ја прави функцијата …“, вели Шилегов.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни