Вака реагираше градоначалникот Петре Шилегов, за време на вчерашната прес конференција кога беше поставено прашање за загадениот воздух.
Денеска, истиот новинар од Телевизија 24, го постави истото прашање и рече дека постојано ќе го поставува, додека не се преземе одговорност за високото аерозагадување.
Меѓутоа, првиот човек на Скопје рече дека не гледа причина зошто некој би се навредил од тоа што го рекол. Според него, загадувањето не може да се реши за еден ден и веќе една година ги моли новинарите тоа да го сфатат.
На крајот, сепак Шилегов и новинарот се ракуваа и помирија, но нивото на загадениот воздух повторно е на високо, а граѓаните и натаму се без конкретни одговори за тоа што се презема на краток и долгорочен план за намалувањето на аерозагадувањето.
РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ