Свет

Шок: Еве кого покани Трамп на инаугурацијата!

Шок: Еве кого покани Трамп на инаугурацијата!

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го покани кинескиот претседател Си Џинпинг да присуствува на неговата инаугурација следниот месец, потврди денеска неговата нова прес-секретарка Керолин Ливит.

Таа рече дека Трамп го поканил Си, но дека „треба да се утврди“ дали лидерот на најважниот економски и воен конкурент на САД ќе присуствува на инаугурацијата.

„Ова е пример за тоа како претседателот Трамп создава отворен дијалог со лидерите на земјите кои не се само наши сојузници, туку и наши противници и наши конкуренти“, изјави Ливит за Фокс њуз.

Таа рече дека тоа веќе се видело за време на неговиот прв мандат, пренесе АП.

„Тој е подготвен да разговара со секого и секогаш ќе ги става американските интереси на прво место“, нагласи Ливит.

Таа рече дека биле поканети и други странски лидери, но не наведе детали. Ќе бидат поканети и шефовите на мисиите на сите земји во САД, изјави претставник на инаугурациската комисија на Трамп, кој не сакаше да биде именуван.

Се уште не е познато дали кинескиот претседател ја прифатил поканата, а амбасадата на таа земја во Вашингтон не одговорила на барањето за коментар, пренесува Ројтерс.

Во интервју за NBC News во петокот, Трамп рече дека „многу добро се согласува“ со Си и дека комуницирал со него во текот на неделата.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп не испратил покана до рускиот лидер Владимир Путин за неговата инаугурација во јануари, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Не, не“, изјави Песков на новинарите на прашањето за поканата, пренесува ТАСС.

Трамп назначи бројни антикинески фигури на клучни позиции во неговата идна администрација, вклучувајќи го и сенаторот Марко Рубио на позицијата државен секретар.

Новоизбраниот претседател на САД, исто така, најави дека ќе воведе дополнителни царини од 10 отсто за кинеските производи, доколку Пекинг не направи повеќе за да ја спречи дрогата фентанил, која предизвикува голема зависност. За време на кампањата, тој се закани дека ќе воведе царини од над 60 отсто за кинески стоки.

Да потсетиме, денеска новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу силно“ против тоа што Украина користи ракети од американско производство за да гаѓа цели „стотини милји“ во Русија.

Ова денеска го изјави магазинот „Тајм“ кој го прогласи Трамп за личност на годината.

„Јас сум многу силно против испраќање ракети од стотици милји во Русија. Зошто го правиме ова“, праша Трамп Тајм.

„Ние само ја ескалираме оваа војна и ја влошуваме“, додаде тој.

Новоизбраниот американски претседател го критикуваше нивото на поддршка што администрацијата на Бајден и ја дава на Украина и навести дека Киев треба да се подготви за намалување на помошта кога ќе ја преземе функцијата во јануари.

Додека во текот на неговата кампања многупати се фалеше дека ќе ја заврши војната во рок од 24 часа, Трамп за „Тајм“ призна дека руската инвазија е уште посложена од ситуацијата на Блискиот Исток.

„Бројот на мртви млади војници кои лежат насекаде низ полињата е запрепастувачки. Лудо е тоа што се случува“, рече тој.

На прашањето дали ќе ја намали помошта за Украина, Трамп наместо тоа рече дека ќе ја искористи американската помош како потпора за да го турне Кремљ на преговарачка маса.

„Сакам да постигнам договор, а единствениот начин на кој ќе постигнете договор е ако не се откажете“, објасни Трамп.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни