Петте штипски пожарникари кои вчера во доцните часови пристигнаа од турскиот град Адијаман, денеска беа на прием кај штипскиот градоначалник Иван Јорданов.
Благодарност за напорната работа, пожртвуваноста и помошта која ја понудија на најпогодените подрачја од земјотресот упати Јорданов кон пожарникарите, а ги награди и со еднократна парична помош во висисна од една нето плата.