Македонија

Што се случува со ЛГБТ заедницата? НВО бараат усвојување закон против дискриминација

Невладините организации за човекови права и маргинализираните групи, испратија отворено писмо до Собранието на Македонија. Бараат разгледување и усвојување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој во Собрание бил доставен уште пред 6 месеци. Според нив, со блокирање на предлог-законот, законодавниот дом ги крши човековите права. Пратеничката и заменик-член на Комисијата за труд и социјална политика, Маја Морачанин, за ТВ21 рече дека претседателот на Комисијата не го става законот на дневен ред поради негови лични ставови.

Антонио Михајлов, од Организацијата „Субверзивен фронт“ вели дека со стапување на сила на овој закон, ќе се препознаат правно многу заедници, меѓу кои и ЛГБТ, бидејќи како што тврди, општество во кое некои граѓани се привилегирани од другите, не е хумано општество.

На денешниот брифинг учествуваа македонско Здружение на млади правници, Коалиција Маргини и Субверзивен фронт. Тие побараа работата на Комисијата против дискриминација да се професионализира и да не работи само еднаш неделно.

РЕПОРТЕРКА: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни