Свет

Шведска купува француски нуклеарни реактори

Шведска купува француски нуклеарни реактори

Шведска може да купи нуклеарни реактори од Франција за да го зголеми снабдувањето со енергија, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон за време на посетата на Париз, пренесе Ројтерс.

Според шведскиот дневен весник „Афтонбладет“, тој рекол дека „Шведска треба да купи најмалку два нуклеарни реактори“.

„Јас сум целосно отворен Франција да стане една од земјите што ќе се погрижат Шведска да добие повеќе нуклеарна енергија“, додаде Кристершон.

Говорејќи пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, шведскиот премиер исто така рече дека сака Шведска и Франција да имаат подлабока соработка за нуклеарната енергија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни